Адеми пред мечот со Флора одбил неверојатна понуда

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, е најзаслужен што Динамо Загреб ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа откако вечерва во победата од 3:1 над Флора постигна два гола.

Адеми непосредно пред мечот со естонскиот тим добил неверојатна понуда
да се пресели во Унгарија.

Имено, коментаротот на ТВ Аренаспорт, Ивица Блажичко, за време на преносот откри дека Адеми пред средбата добил понуда од Ференцварот со која македонскиот репрезентативец би станал најплатен фудбалеро во историјата на унгарската лига, а воедно би играл во Лигата на шампионите.

Според коментаторот, Адеми не сакал да премине во клубот кој го исфрли Динамо Загреб во квалификациите за ЛШ и одлучил да остане во хрватскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот