Адеми: Поседувањето валидни документи е основ за стекнување државјанство

Пратеникот на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми на денешната прес-конференција во парламентот информира дека во моментот се разгледуваат вкупно 2.674 барања за државјанство.

– Поседувањето на валидни документи во Управата за водење со матични книги е суштината на преговорите во функција на креирање основ за стекнување на државјанството. Процесот е веќе започнат и тоа во соработка со Управата за водење со матични книги, МВР и Министерството за правда.   Во 2019 година имало само 426 Албанци во постапка за стекнување на државјанство. Во 2020  нивниот број бил 440, а во првите три месеци од оваа година има 103 апликации. Во последните 4 години доделени се државјанства на 2.371 Албанци, а вкупно 223 се одбиени, посочи тој.

Адеми потенцира дека за време на владеењето на ДУИ издадени се над 13.000 државјанства 

Тој истакна дека пред само една недела 100 Албанци положија испит за јазик и се во процедура на стекнување на државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот