Адеми: Ова се најдобрите резултати на ПИСА досега

Арбер Адеми/ Фото: МИА

На минатогодишното тестирање на ПИСА на средношколци на возраст до 15 години, Македонија е рангирана на 67 место, а министерот за образование Арбер Адеми, денеска потенцираше дека ова се најдобрите резултати кои досега се регистрирани.

Адеми истакна и дека организаторот на ПИСА потврдил дека Македонија е една од земјите со најголем напредок помеѓу забележан помеѓу две тестирања.

– Организаторот на ПИСА потврди дека сме една од земјите со најголем напредок помеѓу две тестирања, односно со највисок скок. Конкретно, во областа читање со разбирање учениците од Северна Македонија го остварија највисокиот скок, односно се на прво место по напредок, во областа на природните науки на второ место и на трето место во областа математика – изјави министерот Адеми на денешната пресконфренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот