Адеми остана верен на Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец денеска потпиша нов договор со хрватскиот шампион.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги разреши сите дилеми околу својата иднина, откако денеска потпиша нов договор со Динамо Загреб.

Иако во зимскиот преоден рок, Адеми беше пред заминување во Ал Наср, тој во последен момент се премисли и потпиша договор со шампионот на Хрватска со 2025 година.

– Зборував дека ќе си одам, но во еден момент сфатив дека тоа не е вистинскиот пат за мене и дека тоа не е она што јас го сакам во животот. Се предомислив. Уште еднаш би сакал да му се извинам на Јурчиќ затоа што од моја страна тоа не беше професионално. Ќе останам во Динамо Загреб до крајот на кариерата ако не дојде некоја понуда од клуб од Топ 5 лигите.

Со Динамо играв во Лигата на шампионите и доживеав многу убави работи. Секако дека имам уште цели. Сакам да бидам најтрофеен играч на Динамо, да имам најмногу настапи и повторно да играм со тимот во Лигата на шампионите – изјави Аријан Адеми за клупскиот сајт на Динамо Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот