Адеми: Опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба на пратениците

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Координаторот на ДУИ, Арбер Адеми во емисијата „Патот кон …“ рече дека опозицијата го злоупотребува здравјето на пратениците кои се погодени од „Ковид-19“ и ја блокира работата на Собранието. Според него, последните случувања што се случуваат во Собранието се без преседан затоа што одредени закони не се блокираат, туку се блокира целата работа на Собранието, што според него не се памети во историјата на парламентаризмот на нашата земја.

„Она што сакам да го потенцирам е навистина невидена состојба, необична е, оваа состојба е целосно непозната, што се случува во собранието и ќе морам да кажам дека здравствената состојба на пратениците кои за жал страдаат од Ковид-19 е злоупотребена., и не можат да го направат потребното мнозинство. Има и опозициски пратеници кои се заразени, но опозицијата не одговара за работата и функционирањето на Собранието. Зошто го велам ова, дека е без преседан, не е познато во парламентаризмот во историјата на парламентаризмот на нашата земја да се блокираат сите закони без исклучок, да бидат блокирани со истите методи и парламентот да биде целосно нефункционален. ДУИ блокираше во минатото, користеше такви механизми, добро, но за специфични закони, законот за бранителите, со илјадници амандмани, но само тој закон, други закони што се во интерес на граѓаните не ги блокиравме“, изјави Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот