Адеми од ДУИ: Не знаеме каде е Кастриот Реџепи, сме немале контакт со него

Арбр Адеми, координаторот на пратеничката група на ДУИ, изјави попладнево дека од неговата партија немале контакти со пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој со своето отсуство оневозможи кворум за утврдување на дневниот ред на собраниската седница за недоверба на Владата.

На прашањето дали од ДУИ знаат каде е Реџепи, Адеми рече дека тоа прашање треба да му се упати на пратеникот на Беса. Тој исто така реге дека ДУИ немала контакти со Реџепи, за кого, слично како и Артан Груби, посочи дека е евроатлантски ориентиран и дека тоа е причината поради која не дава поддршка за изгласување на недоверба на Владата.

„Секако дека пратениците се за една Влада која негува европски и евроатлантски вредност, така што срцето на г-дин Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, и јас сум длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука“, истакна Адеми.

Инаку, пратеникот Реџепи денеска објави на својот Фејсбук профил дека нема да присуствува на седницата за гласање на недоверба на Владата, со што овозможи партиите да немаат кворум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот