Адеми: Не знам што ќе биде изненадувањето, само Ахмети го има одговорот

„Тоа е прашање кое му припаѓа на лидерот на партијата“, вака пратеникот и член на ДУИ, Арбер Адеми ја коментира веста што претседателот на партија, Али Ахмети треба да ја соопшти на 5-јуни, на роденденот на најголемата албанска партија.

Ахмети најави големо изненадување за на 5 јуни

Според него, тоа апсолутно ќе биде изненадување, кое само Ахмети знае што ќе содржи.

„Јас не знам, сигурен сум“, додава Адеми, во гостувањето на ТВ Алсат.

Премиерот Зоран Заев пак денеска во изјава за медиумите посочи дека знае за што станува збор. но не сакаше да открие детали бидејќи тоа ќе треба да го каже лидерот на интегративците Ахмети.

Заев за изненадувањето на Ахмети: ДУИ во сабота ќе соопшти убава работа за државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот