Адеми: Не се работи за откажување од наградата „Гоце Делчев“, тоа е чиста коинциденција

Оценува и дека е тоа чиста коинциденција, како и дека нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ.

Министерот за образование Арбер Адеми во вечерашното гостување на Телевизија Телма подвлече дека Министерството за образование не се откажува од доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“. Тој не чувствува одговорност за недоделувањето на наградата и лани и годинава.

Оценува и дека е тоа чиста коинциденција, како и дека нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ.

-И лани и годинава се преземени чекори, треба и членовите на Комисијата да поминат на Собрание. Тука беше проблемот лани и затоа не беше доделена наградата. Сега немаме Собрание. Се надеваме час поскоро да имаме, дали преку избори или на каков било начин. Не се работи за откажување од наградата, чиста коинциденција е, нема никаква поврзаност со актуелните теми, амбиции и аспирации на нашата држава да биде членка на ЕУ. Не чувствувам одговорност, ниту верувам дека има елементи на каква била одгоровност. Напротив, ние учествуваме на разни настани поврзани со личности од историјата на државата и во овој правец сме ги преземале чекорите и неопходните активности како институција за да се додели наградат и во овој правец и во иднина ќе ги канализираме нашите активности, потенцира Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот