Адеми на став: Наставата треба да биде со физичко присуство

Меѓуинституционалната соработка, особено со Министерството за здравство и со Комисијата за заразни болести, е клучна и наставата во новата учебна година посакува да се организира со физичко присуство, истакна поранешниот министер за образование и наука, Арбер Адеми во гостување на ТВ 24.

– Уште како министер реков дека организирање и реализирање на учебната година со физичко присуство нема замена и треба храбар чекор да преземеме во овој правец и да очекувме кои ќе бидат предизвиците од организирање на наставата со физичко присуство. И сега останувам на тој став, изјави Адеми.

Претходникот на Мила Царовска го оквалификува Министерството за образование и наука како една од најтешките институции за раководење, па затоа и посака среќа на актуелната министерка.

„Од искуство велам, Министерството за образование и наука е една од најсложните и најкомплексните институции за раководење, имајќи ги предвид многубројните проблеми и предизвици со кои се соочуваме. На колешката Царовска и посакувам се најдобро, иако знам дека особено во вакви околности со пандемија и со онлајн учење ќе имаме уште повеќе проблеми“, потенцира Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот