Адеми: Избори во мирна и демократска атмосфера, во согласност со европските стандарди

Портпаролот на централниот изборен штаб на ДУИ, Арбр Адеми по завршувањето на изборниот процес на прес-конференција на партиското седиште истакна дека денот поминал демократски и оцени дека граѓаните дале поддршка за нивниот концепт.

-Изборниот процес помина во мирна и демократска атмосфера во согласност со европските стандарди. Институциите на државата демонстрираа висок капацитет на организирање на избори во согласност со очекувањата на учесниците и меѓународната заедница.Сметаме дека начинот на организирање на овие избори е исполнување на уште еден услов за добивање на датум за почнување на преговори со ЕУ, истакна Адеми.

Тој посочи дека следуваат и детални информации за волјата на граѓаните.

Според партиските првични проценки, Адеми рече дека на изборот за градоначалник во Дебар,  Хекуран Дука е во предност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот