Адеми: Има разлика во платите на УКИМ, бидејќи не е интегриран универзитет како останатите

Сите вработени во јавните универзитети добиваат ист износ на партиципација на плата од страна на државата. Разликата е во тоа што скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј” не е интегриран и секоја единица на Универзитетот има сопствени средства кои ги распределува по основ на плата, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми по обвинувањата од Независниот академски синдикат дека има огромни разлики во платите на вработените во јавните универзитети.

– Проверете во ДУТ дали има разлика или на Универзитетот „Гоце Делчев” и Универзитетот на Југоисточна Европа. Земаат иста плата. Разлика во платите има на УКИМ бидејќи не е интегриран универзитет како останатите. Тука факултетите имаат и сопствени приходи и во зависност од овие приходи тие самите одлучуваат да ги распределат по основ на плати- појасни Адеми, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Протоколот за соработка со Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот