Адеми и соиграчите во Динамо одбија намалување на платите

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб на денешниот состанок со управата порачал дека фудбалерите не се согласуваат да им се намалат платите.

Адеми како капитен денеска имал состанок со спортскиот директор на хрватскиот шампион, Зоран Мамиќ, додека тренерот Ненад Бјелица телефонски разговарал со управата и ја одбиле понудата за намалување на платите.

Вчера управата на Динамо одлучила во наредните шест месеци на сите вработени кои имаат плата над 7.500 куни,. да им се скрати една третина.

Според хрватските медиуми, најмалата плата на фудбалерите се движи околу 100.000 евра годишно. Рекордер е тренерот Ненад Бјелица кој според неофицијални извори има дури 1.5 милиони евра нето годишна плата.

Македонскиот репрезентативец и капитен на екипата, Аријан Адеми, според медиумите во Хрватска зараборува 600.000 евра годишно, а најдоброплатен фудбалер е Марио Гаврановиќ со 800.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот