Адеми и Ристовски против Виљареал бркаат полуфинале во Лига Европа

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Денеска ќе се играат првите натпревари од четвртфиналето во фудбалската Лига Европа, за нас секако најинтересно е новиот настап на Динамо Загреб во чии редови се македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

После елиминацијата на Тотенхем, хрватскиот гигант ќе се обиде да направи уште еден историски успех, а пречката на патот до полуфиналето во ова натпреварување се вика Виљареал.

„Модрите“ на стадионот „Максимир“ од 21.00 часот се домаќини на првиот меч против шпанскиот претставник, а во истиот термин се и останатите три средби: Ајакс-Рома, Арсенал-Славија Прага и Гранада-Манчестер јунајтед.

„Жолтата подморница“ триумфираше во пет дуели по ред во изминатиот месец, во претходната нокаут-рунда го исфрли украинскиот Динамо Киев, а воедно се израмни на делба од петтото до седмото место на табелата во „Ла Лига“.

Боите на Виљареал ги брани поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, ветеранот Раул Албиол (35):

– Грешат сите кои мислат дека имаме лесен противник. Динамо Загреб е клуб кој доаѓа од земја која е светски вицешампион, има фудбалери со голем талент и со многу интернационалци. Поради тоа сметам дека шансите за пласман во следната фаза се „50-50“ – рече екс репрезентативецот на „црвената фурија“, Албиол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот