Адеми и Филипче во 15 часот ќе одржат прес- ќе се знае ли кончено како ќе се одвива наставата?

EPA
epa08578357 The mother of new pupils Nehle (L) and Laura Waschke adjusts their sanitary mask before an enrolment ceremony in the Lankow elementary school in Schwerin, Germany, 01 August 2020. Thousands of children of Mecklenburg-Western Pomerania celebrated their first day in school with classes resuming on 03 August. This federal state is the first in Germany to officially open the new school year complying with health protocols imposed by the coronavirus pandemic. Children have to wear mask in the common areas of the school buildings. EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Попладнево, во 15 часот министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми ќе одржат заедничка прес-конференција, на која ќе бидат соопштени најновите информации за состојбата со Ковид-19 во нашата држава, како и информации за стартот на новата учебна година.

Оваа прес-конфереција ќе уследи откако Владата за денеска напладне закажа владина седница, на која точка на дневен ред се предложените протоколи за реализација на наставата според конечниот предлог на Комисијата за заразни болести таа да се одвива онлајн, а следење со физичко присуство да важи само за учениците од прво до трето одделение и за училишатата со помал број ученици согласно со епидемилошката состојба во одредена средина.

Сите опции на маса, никаква одлука засега: Онлајн настава, комбинирана настава, настава по избор, никаква настава…

Преостануваат уште десетина дена до почетокот на новата учебена година, а родителите со нетрпение очекуваат да дознаат како нивните деца ќе ја следат наставата, дали со физичко присуство или онлајн.

ИСКУСТВА ОД ОТВОРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ: Дел од нив ставија клуч по само неколку дена

Видео на денот