Адеми и Динамо Загреб им се вратија на тренинзите (ВИДЕО)

фото: gnkdinamo.hr

Добра вест од многу аспекти, со надеж дека фудбалската сезона ќе продолжи, а Адеми воедно ја задржи формата за следните репрезентативни обврски.

Новиот тренер на Динамо Загреб, Игор Јовичевиќ го одработи својот прв ден со екипата, поради пандемијата на коронавирусот се работи во групи по пет играчи.

Секако тоа е добра вест од многу аспекти во овој момент со надеж дека наскоро ќе тренираат и останатите екипи ширум Европа и светот, и воедно продолжи сезоната во националните шампионати.

На првиот тренинг на хрватскиот шампион се најде и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој изминатиот викенд стана татко.

Во случајот со нашиот интернационалец добра вест и за селекторот Игор Ангеловски да се одржува формата пред новите репрезентативни обврски.

Задоволен сум. Со нетрпение ги дочекавме денешните тренинзи и разговорите со играчите. Ги делиме сите тие емоции. Одиме според планираното во согласност со упатствата да се исполнат сите критериуми, здравствено сигурни, со соодветни растојанија…

Малку е потешко да се конципираат тренинзите, бидејќи постои форма на соработка каде играчите треба да бидат блиску, но се прилагодуваме. Тренираа со топките и сигурен сум ќе биде подобро во секој нареден ден – рече Јовичевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот