Адеми и Динамо пред пласман во третото коло

Динамо Загреб за кого настапува и македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми речиси го обезбеди пласманот во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Хрватскиот тим како гостин славеше со 2:0 над грузискиот Сабуртало, а Адеми го одигра целиот натпревар. Првиот гол го постигна Оршиќ во 67. минута, додека конечниот резултат го постави Петковиќ во 78. минута.

Дерби пресметката во второто квалификациско коло за ЛШ, му припадна на ПСВ кој со пресврт дојде до триумф од 3:2 над Базел. Резултатот го отвори Брума во 14. минута, а до крајот на полувремето, швајцарскиот тим измрани преку Ајети и тоа во судиското продолжение. Во второто полувреме, Алдерете во 79. минута му донесе предност на Базел кој сепак на крајот е поразен. ПСЖ со два гола во самиот финиш преку Ламерс во 89. и Мален во 93. минута успеа да триумфира со 3:2.

Резултати:
Плзен – Олимпијакос 0:0
Сабуртало – Динамо Загреб 0:2
ПСВ – Базел 3:2
ТНС – Копенхаген 0:2
Сутјеска – АПОЕЛ 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот