Адеми и Динамо на чекор од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е најзаслужен што Динамо Загреб ќе игра во баражот за влез во Лигата на шампионите.  Хрватскиот тим на гостувањето во Будимпешта го победи Ференцварош со убедливи 0:4, а Адеми беше стрелец на првиот гол и асистираше за постигнување на третиот гол.


Динамо во наредната рунда ќе игра против норвешкиот Розенборг кој повторно со 3:1 го совлада Марибор и победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во групната фаза во Лигага на шампионите.

Минатогодинешниот полуфиналист во ЛШ, Ајакс со многу мака го елиминира грчкиот шампион ПАОК, победувајќи во реваншот со 3:2 откако првиот натпревар од квалификациите заврши без победник 2:2. Третиот гол за Ајакс го постигна Душан Тадиќ во 85. минута од пенал.

Вистинска сензација приредија екипите на Клуж и на Краснодар кои успеаја да елиминираат два поранешни европски шампиони.
Клуж како гостин со 4.3 го совлада Селтик откако првиот натпревар заврши 1:1, додека поголема сензација направи рускиот тим. Краснодар по поразот од 0:1 на домашен терен од Порто, во реваншот во Португалија победи со 2:3 и си обезбеди двомеч со Олимпијакос за влез во ЛШ. Грчкиот тим по втор пат беше поуспешен од Башакшехир, овој пат победи со 2:0.


Најнеизвесно беше во Копенхаген каде домашниот тим и екипата на Црвена Звезда преку пенали одлучуваа кој ќе игра во последната квалификациска рунда за влез во ЛШ. Двата натпревари завршија со идентични 1:1, а во маратонскиот пенал рулет во кој беа изведени дури 22 пенали, како поумешни се покажаа фудбалерите на српскиот тим. Во 11. серија Павков беше прецизен за Црвена Звезда, додека ударот на Винг гоодрани голманот на Црвена звезда, Борјан. Во баражот Црвена звезда ја очекува двомеч со шампионот на Швајцарија, Јанг Бојс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот