Адеми и Динамо на чекор од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е најзаслужен што Динамо Загреб ќе игра во баражот за влез во Лигата на шампионите.  Хрватскиот тим на гостувањето во Будимпешта го победи Ференцварош со убедливи 0:4, а Адеми беше стрелец на првиот гол и асистираше за постигнување на третиот гол.


Динамо во наредната рунда ќе игра против норвешкиот Розенборг кој повторно со 3:1 го совлада Марибор и победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во групната фаза во Лигага на шампионите.

Минатогодинешниот полуфиналист во ЛШ, Ајакс со многу мака го елиминира грчкиот шампион ПАОК, победувајќи во реваншот со 3:2 откако првиот натпревар од квалификациите заврши без победник 2:2. Третиот гол за Ајакс го постигна Душан Тадиќ во 85. минута од пенал.

Прочитајте и...  Меси: Би сакал да се врати Нејмар, а Мартинез е одличен напаѓач!

Вистинска сензација приредија екипите на Клуж и на Краснодар кои успеаја да елиминираат два поранешни европски шампиони.
Клуж како гостин со 4.3 го совлада Селтик откако првиот натпревар заврши 1:1, додека поголема сензација направи рускиот тим. Краснодар по поразот од 0:1 на домашен терен од Порто, во реваншот во Португалија победи со 2:3 и си обезбеди двомеч со Олимпијакос за влез во ЛШ. Грчкиот тим по втор пат беше поуспешен од Башакшехир, овој пат победи со 2:0.


Најнеизвесно беше во Копенхаген каде домашниот тим и екипата на Црвена Звезда преку пенали одлучуваа кој ќе игра во последната квалификациска рунда за влез во ЛШ. Двата натпревари завршија со идентични 1:1, а во маратонскиот пенал рулет во кој беа изведени дури 22 пенали, како поумешни се покажаа фудбалерите на српскиот тим. Во 11. серија Павков беше прецизен за Црвена Звезда, додека ударот на Винг гоодрани голманот на Црвена звезда, Борјан. Во баражот Црвена звезда ја очекува двомеч со шампионот на Швајцарија, Јанг Бојс.

Прочитајте и...  Барселона и официјално донесе играч кој ја чини повеќе од милион евра по натпревар

 

Прочитај повеќе

Чупиќ: Имавме состанок со Самсоненко, до крајот на месецот ќе знаеме нешто повеќе!

Слободен печат

Меси: Би сакал да се врати Нејмар, а Мартинез е одличен напаѓач!

Слободен печат

Аталанта ја растури Валенсија, Нагелсман го надмудри Мурињо (ВИДЕО)

Слободен печат

Де Брујне во главната улога во триумфот на „граѓаните“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардарци во осминафиналето на ЛШ најверојатно против тимот преку кој лани обезбедија фајналфор

Слободен печат

Тренерот на Лајпциг е нов рекордер во Лигата на шампионите

Слободен печат

Остави Коментар

пет × 4 =

Прочитај повеќе

Халанд е најголемата грешка на еден од најдобрите ловци на таленти

Слободен печат

Тодоров го избра конечниот список: Отпаднаа тројца дебитанти

Слободен печат

Рашфорд неизвесен и за Европското првенство

Слободен печат

Ванда провоцира: Не знам дали ќе живееме во Париз или Торино

Слободен печат

Барселона и официјално донесе играч кој ја чини повеќе од милион евра по натпревар

Слободен печат

Ужас во Мексико: Фудбалер уби судија за време на натпревар

Слободен печат