Адеми и Динамо – македонскиот репрезентативец побарал состанок, но останува на „Максимир“

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми денеска беше една од главните теми на хрватските медиуми, но на крајот како што стојат работите тој ќе остане на „Максмир“.

Најновите информации во врска со ситуацијата на Адеми ги пренесува „Јутарњи“ кој открива што точно се случува. Имено, Адеми утрово ги посетил клупските простории и побарал разговор со претседателот на управата Влатко Перас, спортскиот директор и тренерот Анте Чачиќ.

Тема била неговата иднина во Динамо. Адеми им соопштил дека има понуди од одредени клубови и сакал да се распраша каков е ставот на Динамо во врска со неговата кариера.

По разговорот, Адеми донел одлука да остане во клубот. Наводно, на Адеми му било објаснето дека е многу потребен на тимот, посебно во оваа ситуација. Во ваква насока беше и изјавата на тренерот Чачиќ на прес-конференцијата пред неколку дена.

„Во овој преоден рок може да замине само Ливаковиќ бидејќи има клазула во договорот според која Динамо ќе го пушти ако некој клуб плати десет милиони евра. Тука не можеме ништо, затоа што клазулата е таква каква што е. Сите останати остануваат, нема да има никакви заминувања“, изјави Чачиќ и посебно го истакна Адеми:

„Нашиот капитен Адеми сигурно во вториот дел од првенството ќе биде на нашето заповедно место“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот