Адеми, Елмас и Велковски бркаат нокаут-фаза во Лига Европа!

Денеска ќе се играат натпреварите од четвртото коло во Лига Европа после кое би можеле да ги дознаеме и првите патници во 1/16 финалето. Најблиску до таков пласман се екипите на Арсенал, Лестер сити, Виљареал и Хофенхајм кои имаат максимални три победи во своите групи.

И тројца Македонци се во трката за учество во нокаут-фазата, во рамките од групата „Ф“ повторно дуел помеѓу Елиф Елмас и Дарко Велковски.

Од 21.00 часот на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, составот на Наполи на Елмас ќе ја пречека Риека во чии редови повреден е Милан Ристовски.

Хрватите се скоро пред елиминација, иако и натаму имаат шанси за пласман во следната фаза, се наоѓаат на последното четврто место без бодови, а голема борба за првите две позиции водат АЗ Алкмаар, Наполи и Реал Сосиедад кои имаат по шест бодови.

Динамо Загреб на Аријан Адеми е лидер во групата „К“ со пет бода, пред Волфсбергер и Феенорд кои имаат по четири, а два ЦСКА Москва.

„Модрите“ евентуално со нов триумф на дуелот (18.55 часот) во австрискиот Клагенфурт против Волфсбергер ќе се промовираат како учесници во елиминациските борби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот