Адеми е најдобар фудбалер на хрватскиот шампионат

Фото: EPA-EFE/DANIEL KASAP

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, е прогласен за најдобар фудбалер во хрватското првенство за 2020 година.

Адеми освои 66 од можните 100 бодови, во гласањето на капитените на десетте екипи во хрватската Прва лига.

На второ место се најде капитенот на Хајдук Мије Чакташ со 20 бода помалку, додека третото место го поделија Франко Андријашевиќ од Ријека и Кристијан Ловриќ од Горица Горица со по 18 бодови.

– Мислам дека нема поголема чест и задоволство кога за најдобар те избираат луѓето од твојата професија. Токму затоа, овој трофеј „Капитените избираат” ќе има посебно место во мојата кариера – изјави Адеми.

Во гласањето се кој капитен одбираше по пет фудбалери за кои мисли дека покажаа највеќе во 2020 година и првиот избор добиваше 10 бода, додека петтиот два бода.

Оваа година е дефинитивно најуспешна во кариерата на Адеми бидејќи со македонската репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство, додека со Динамо Загреб успешно ја помина групната фаза во Лигата на Европа и идната пролет ќе нокаут фазата ќе игра против Краснодар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот