Адеми: ДУИ очекува кампањата за изборите да биде фер, демократска и мирна

ДУИ очекува кампањата за предвремените парламентарни избори да биде фер, демократски и мирни, изјави денеска Арбр Адеми, член на највисокото раководство на партијата.

-Ние очекуваме фер, демократска и мирна изборна кампања и сме максимално фокусирани на следната победа на ДУИ. Секогаш кога ДУИ била на власт се организирани фер и демократски избори без инциденти и резултатите биле прифатливи за сите учесници во изборите, рече Адеми на прес-конференција во седиштето на партијата.

Според него, во ДУИ се уште се прават анализи за тоа кој се ќе се најде на листите за пратеници.

– Се прават длабоки анализи како и секогаш и партијата ќе ги предложи најдобрите кандидати кои на достоинствен начин ќе ги претставуваат Албанците, рече Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот