Адеми: До крајот на денот ќе имаме јасна слика за покачувањето на платите на просветните работници

Арбер Адеми/ Фото: МИА

До крајот на денот ќе имаме јасна, чиста, кристална слика околу можностите до кај можеме и што можеме во врска со покачувањето на платите на просветните работници, нагласи денеска министерот за образование Арбер Адеми на пред почетокот на јавната дискусија на тема „Вклучување на медиумската писменост во образованието”.

Тој истакна дека денеска по средбата со претставниците на СОНК, се уште не утврдиле финален став, бидејќи, како што рече, се работи за „поместување на моментот” на кој ќе се базира идното, трето покачување на платите.

Адеми посочи дека за утре ги повикал претставниците на СОНК на „последна рунда преговори” во просториите на МОН за да разговараат за ставовите.

– Работиме да имаме поместување и работиме да имаме заемно прифатливо решение. Со позитивна енергија, со убави мисли верувам дека ќе дојдеме до следното трето по ред покачување на платите, што значи историско трето покачување на платите – нагласи министерот за образование.

Адеми рече дека во знак на добро партнерство, во знак на пријателство, во знак на искрени и добри релации помеѓу МОН и Владата од една страна и СОНК од друга страна, ја прифатил поканата денеска да учествува на седницата на Советот на СОНК.

– Но, секако дека за јасната слика ќе бидеме известени до крајот на денот, бидејќи моите колеги работат, не само денеска, туку и во целиот период. Работевме на изнаоѓање, за обезбедување на дополнителни средства што би значело и историско покачување на платите – потенцираше министерот.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков претходно соопшти дека штрајкот на просветните работници е ставен во мирување до конечната понуда од Министерството за образование и наука, образложувајќи дека мирувањето е врз основа на анализите дека за зголемување на платите на МОН му се потребни уште неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот