Адеми: Чувството е феноменално, вредеше за секоја секунда на откажувања и вложениот труд

фото: ffm.mk

Големиот борец Аријан Адеми кој играше повреден во Грузија, за хрватски „24сата.хр“ зборува за успехот на македонската фудбалска репрезентација.

Македонија по историската победа во Тбилиси против Грузија по заобиколен пат пристигна во Скопје.

Дочек на фудбалерите на Блаце/фото Слободен Печат/Драган Митрески

– По натпреварот имавме лет за Скопје откако ни доаѓаа неверојатни сцени. Имав чувство дека сите ќе бидат на дочекот, но поради густата магла авионот слета на Косово и оттаму тргнавме со автобус. На граница не дочека премиерот и ни честиташе на успехот. Но, веќе беше доцна па дочекот не беше онаков каков што планираа. Но, нема проблем, има време за пречек – вели Адеми за „24сата“.

Навивачите го слават пласманот на ЕП/EPA-EFE/NAKE BATEV

Фудбалерот на Динамо Загреб е среќен поради капитенот Горан Пандев кој на крајот од кариерата дочека да игра на големо натпреварување.
– Не можам да опишам колку ми е мило за него. Имаше неверојатна кариера и знам дека силно сакаше да направи „приказна“ со репрезентацијата. На крајот успеа и тоа на начин што токму тој го постигна голот кој не однесе на ЕП. Ми се чини дека Пандев е како виното, што е постар тоа е подобар. Одличен карактер, фантастичен играч. Одлично се согласуваме – вели Адеми кој додава:

Радост на фудбалерите/EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

– Бидејќи во Динамо има многу репрезентативци до доза на љубомора ги гледав соиграчите како оден на големите натпреварувања. Едноставно сакав да видам како изгледа и ете сега и на мене ми се случи. Можам да кажам дека чувството е феноменално, вредеше секоја секунда откажувања и труд. Среќата и задоволството на македонскиот народ по овој успех е нешто што не може да се опише со зборови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот