Адеми блеска во дресот на Динамо Загреб (ВИДЕО)

фото: твитер

Капитенот Адеми со својот трет погодок сезонава во лигата најави нови три бода за екипата од „Максимир“.

Откако претходно во пријателски натпревар стрелаше за „модрите“, сега македонскиот репрезентативец го направи во меч од најсилната хрватска лига.

Вечерва во рамките од 27. коло го постигна водечкиот гол за Динамо Загреб на гостувањето кај Вараждин во 13 минута од средбата.

Пет минути подоцна предноста беше зголемена од пенал прецизен беше Петковиќ.

До удар од белата точка клубот дојде благодарение на нашиот интернационалец кој беше фаулиран во казнетиот простор.

Капитенот Адеми со својот трет погодок сезонава во лигата најави нови три бода за екипата од „Максимир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот