Адеми: Ако сакаме да градиме држава заедно, не треба етничката припадност да биде пречка

Кандидатот за премиер на ДУИ Насер Зибери не бил секогаш „френдли“ настроен кон ДУИ за одредени политики, но ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ априори ја отфрлија нашата идеја уште пред да го слушнат неговото име, рече носителот на пратениката листа на ДУИ во 2 ИЕ Арбер Адеми на Телма.

-Видовме се прави трговија со пратеници што зборува за менталитетот кој постои меѓу политичките партии. Сакаме рамноравност, сите да имаме еднакви можности, да немаме бариери. Ако сакаме да градиме држава заедно, не треба етничката припадност да биде пречка – рече Адеми.

Ние концептот братство- единство сме го имале и во времето на комунизмот, истакна Адеми,  Албанците беа маргинализира, мајоризација, итн. без средни училишта, без Универзитети.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот