Адем се врати кај „лавовите“

Македонија ЃП се засили пред настапот во квалификациите за Лигата на Европа и дуелите со Алашкерт од Ерменија. Нов играч на „лавовите“ е Ермедин Адем кој минатата сезона ја мина во Ренова и по пауза од пет години се враќа во Македонија ЃП.

– Се вратив дома. Среќен сум што сум повторно во Ѓорче, во добро позната средина и едвај чекам да го дадам својот максимум и да му помогнам на клубот во исполнување на следните предизвици – изјави Адем на промоцијата во новиот клуб.

Освен за Македонија ЃП и Ренова, Ермедин Адем има настапувано и за екипите на Шкупи, Тетекс и Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот