Адем од Вардар во грчкиот суперлигаш Арис (ФОТО)

фото: facebook.com/jovica.dimovski.7

Арис размислува за својата иднина, а една од новите надежи е македонскиот фудбалски талент Али Адем.

Овој 20-годишен играч од средниот досега ги бранеше боите на Вардар и одлучи да го направи својот прв странски трансфер.

Адем од следната натпреварувачка сезона 2020/21 ќе настапува за составот на Арис кој игра во најсилното грчко првенство.

Заедно со неговиот менаџер Јовко Димовски сликан со потписот на договорот на четири години со „жолто-црните“.

Доаѓањето во Арис е нешто како луд сон. Една од причините што дојдов во клубот се неговите навивачи, кои не само во Грција, туку се и меѓу најдобрите во Европа. Едвај чекам да играм пред нис и се надевам дека оваа пандемија со коронавирусот ќе заврши наскоро, за да можат и фановите да се вратат на стадионите – се зборовите на Адем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот