Адем Мекиќ со гест за пофалба: Потсети на Тодор Гечевски по освоената титула во Хрватска

Фото: Screenshot

Една убава слика се појави во неделата навечер во „храмот на кошарката“ во Задар. Ја направи нашиот актуелен репрезентативец, Адем Мекиќ.

На вистинско место, во вистинско време, го оживеа митот на задарската, на македонската кошаркарска легенда, Тодор Гечевски.

Макар и за момент, уште еднаш, фановите на Задар се „потсетија“ дека имаат уште еден Македонец во градот, актуелен репрезентативец, кој си најде свое „место под сонцето“…

А освен тоа се награди за сето вложено во месеците кои се зад нас.

Се враќа дома, во Скопје, како шампион, на една кошаркарска земја каква што несомнено е Хрватска, што и не е така мала работа.

„Пред се сакам да му ја честитам титулата на  МЗТ Скопје, каде што ја почнав оваа сезона. На моите соиграчи, на целиот стручен штаб, и на целата организација во клубот од Аеродром.

Што се однесува до мене, пресреќен сум, особено што можев да ја почуствувам сета оваа еуфорија која ја создава градот Задар, при освојување на некоја титула, без оглед на тоа дали била шампионска титула, Куп, или нешто трето. Едноставно, навистина е неверојатно чувството да се биде дел до една ваква организација, и клуб со една ваква традиција, кој од вчера е првак на Хрватска. Немам зборови да опишам што се случува тука. Би сакал и други мои соиграчи да го доживеат ова што јас го почуствував и сеуште го чувствувам како припадник на Задар“, изјави Мекиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот