Адел за првпат со коментар за разводот

принтскрин/Instagram

Пред две недели медиумите пренесоа дека Адел и нејзиниот сопруг Симон Конеци се разведуваат. Иако никој од нив немаше официјален коментар околу разводот, пејачката во духовит стил на Инстаграм му пратила порака во врска со разводот.

Познатата пејачка на Инстаграм објавила колаж со две свои фотографии. Едната е од доделувањето на Греми наградите на која пејачката плаче поради победа во категоријата Најдобар албум на годината, а другата е кадар од емисијата на Џемс Карден, во која Адел ја извела песната од Ники Минаж.

„Кога ќе те допрат емоциите, а потоа ќе се сетиш кој си“, напишала Адел.

Пејачката се осврнала на моментната ситуација, односно како понекогаш заплачува кога ќе ја понесат емоциите, а потоа се присетува колку луѓето ја сакаат и колку е популарна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот