Адел открива како се преполови: Не е од вежби и исхрана! (ФОТО)

профимедиа

Пејачката Адел откри дека книгата за самодоверба ѝ помогнала да го направи најдобриот однос спрема сопственото тело. На Инстаграм ги објави кориците од книгата на Гленон Дојл, „Untamed: Stop Pleasing, Start Living“.

Како што вели таа, книгата ѝ помогнала да престане да биде под стрес и да се чувствува задоволно..

– Навистина ќе ви го протресе мозокот и ќе ја натера вашата душа да вришти. Откако ја прочитав оваа книга, како навистина прв пат да се најдов во своето тело – вели Адел.

Истакнува дека не била свесна како таа сама е исклучиво одговорна за својата среќа и слобода, но откако ја прочитала оваа книга научила многу работи.

Адел после љубовниот хаос и разводот од Сајмон Конецки, намали неверојатни 45 килограми. Освен што се погрижила за менталното здравје, започнала да тренира и започнала со sirtfood диета, што допринело за да се случи неверојатната трансформација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот