Адел откри кога ќе објави нов албум! (ВИДЕО)

Пејачката Адел својот последен албум насловен „25“ го издаде во 2015 година. Минатиот викенд, додека пееше и ги забавуваше гостите на венчавката на нејзина блиска пријателка, 31-годишната Адел се пофали дека во септември ќе може да се очекува нов музички материјал од неа.

Добитничката на Греми својот последен албум го објави пред цели пет години, а на него се наоѓаат големите хитови како „Hello“ и „Send my love (to your new lover)“.

Станува збор за трет студиски албум благодарение на кој пејачката доби дури пет Греми награди, вклучувајќи ја и наградата за албум на годината, а кога го прими ова признание, Адел и оддаде почит и на својата колешка Бијонсе, која исто така беше номинирана.

Во последно време, името на Адел во јавноста се споменуваше во многу прилики, меѓутоа, за пејачката можеше да се слушне и прочита за сѐ, освен за музика. 

Најпрво главна тема беше нејзиниот развод, а потоа и таинствените мажи со кои Адел беше видена во јавноста, па се до нејзиното губење на килограми, поради што таа денеска изгледа речиси непрепознатливо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот