„Адел, како да им објаснам на моите ќерки дека повеќе не личиш на себе“: Емотивна порака од една мајка! (ФОТО)

Instagram

Една од најпознатите пејачки во светот, англиската пејачка Адел (32) во последните неколку месеци ослабе повеќе од 50 килограми и денеска изгледа навистина непрепознатливо, а тоа не им се допаѓа многу на нејзните фанови.

Една нејзина обожавателка и испрати доста емотивна порака…

Имено, една од нејзините најверни обожавателки се вознемирила, бидејќи нејзините ќерки не можеле да ја препознаат на телевизија, па поради тоа на социјалните мрежи го напиша следното:

– Имам две ќерки, а се борам поради тебе. Не те препознаа воопшто. Како им го објаснам тоа? Изгледаш болно… Жал ми е. Дали си добро? Толку сум разочарана… Ти си прекрасна личност, но јас сум збунета како да им објаснам на моите ќерки дека повеќе не личиш на себе? – напишала обожавателката.

Адел / 06 мај 2020 / Фото: Инстаграм пост @adele

Овој коментар ги насмеа останатите корисници на социјалните мрежи, но и странските медиуми, кои нејзиниот коментар го пренесоа на своите портали. Многу фанови застанаа во одбрана на пејачката, кои кажаа дека нема зошто да се извинува поради тоа што го добила посакуваниот изглед и дека сигурно сега се чувствува поздраво од порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот