Адел има ново момче: Пејачката лудо вљубена во долгогодишен пријател

Instagram
Instagram

Славната пејачка Адел наводно е повторно среќно вљубена откако на почетокот на март конечно заврши нејзината бракоразводна парница со музичарот Сајмон Конеки, со кого го има синот Анџело.

Според магазинот „Closer“, пејачката е во врска со пријател од детството, со кого се зближила минатата година. Според изворот Адел е многу вљубена и ужива во моментите со носвиот партнер кој го крие од очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)


„Таа е маѓепсана од него и додека одлучи да го скрие неговиот идентитет, не ја крие својата среќа од семејството и пријателите. Нивната романса одеднаш започна минатата година откако беа релаксирани мерките кои беа засилени поради пандемијата во Лондон, каде што живее Адел. Пријателството започна во неочекуван правец по луда ноќ со многу алкохол, каде што биле и нивните заеднички пријатели. По долги години пријателство искрите се разгореле таа вечер“, изјави извор за „Closer“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)


„Со оглед на тоа што се познаваат од порано, работите меѓу нив напредуваа брзо и двајцата се многу среќни“, додаде тој. Тој исто така откри дека парот не ја исклучува можноста да имаат деца во иднина.

„Адел никогаш не криеше дека сака да има повеќе деца, а нејзиното ново момче исто така сака големо семејство“, истакнал изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот