Адел и Симон по разводот треба да поделат 190 милиони долари што ги стекнале во бракот

Profimedia
Адел со поранешниот сопруг Симон - Фото: Профимедиа

Популарната пејачка Адел се разведе од Симон Конецки. Парот уште во април 2019 година објави дека веќе не се заедно, а пет месеци подоцна Адел поднесе барање за развод.

Врската се разви и тие станаа подобри пријатели отколку љубовници. Сфатија дека нема веќе романса во нивната врска. Разочарани се затоа што не успеале – изјави за странските медиуми извор близок на парот кога се проширија гласините за нивната разделба.

Пред неколку дена, на 15 јануари, Адел и Симон се согласиле за условите на разводот. И двајцата потпишаа дека треба да ги поделат 190-те милиони долари што ги стекнале додека нивниот брак траел. Разводот сè уште не е готов, бидејќи прво мора да го потпишат судиите.

Да се потсетиме, Адел и Симон започнаа врска во 2011 година, а во 2016 година тајно се венчаа. Во октомври 2012 година го добија синот Ејнџел Адкинс, кој денес има осум години.

Од објавувањето на разводот до денес Адел изгуби околу 45 килограми, а се шпекулира дека е во врска со светски познатиот рапер Скепта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот