Адел е кралица! Погледнете колкав бакшиш му оставила на келнерот за Нова Година (ФОТО)

Познатата пејачка дочекот на најлудата ноќ ја поминала на Карибите.

Пејачката Адел заедно со своите пријатели Нова година ја прослави на Карибите. Друштво на познатата пејачка и правеа, пејачот Хари Стајлс и водителот Џејмс Корден, а дочекот на најлудата ноќ се одвивал на луксузна јахта.

Се разбира, од време на време друштвото оделе и на брегот, а една ситуација го привлече вниманието на светската јавност.

Имено, еден келнер решил да се пофали колкав бакшиш добил од Адел. Иако сметката изнесувала 400 долари, Адел со друштвото оставила вкупно 2420 долари, а тоа значи дека во џебот на момчето „завршиле“ 2020 долари.

Пејачката на сметката му напишала: „Среќна Нова година“.

Нема што, убав подарок добил келнерот. Сметката може да ја погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот