Адама Траоре, Адама Траоре и Адама Траоре ќе играат во иста екипа

Фудбалската репрезентација на Мали во наредните години ќе претставува вистинска ноќна мора за коментаторите но и на останатите новинари и навивачите.

Во репрезентацијата ќе има дури тројца фудбалери со име Адама и презиме Траоре. Досегашните двајца репрезентативци на Мали ги нарекуваа Адама Траоре I и Адама Траоре II, а сега ѕвездата на Вулверхемптон кога ќе игра за својата репрезентација на дресот ќе му пишува Адама Траоре III.
Првиот Адама Траоре е фудбалер на францускиот Мец и досега има 26 настапи за репрезентација на Мали.


Адама Траоре II ова лето му се приклучи на својот колега си исто име и презиме во Мец. Тој е фудбалер на Монако но оваа сезона ќе ја помине на позајмица во францускиот прволигаш.

Најновиот член на репрезентацијата на Мали е и најголема ѕвезда. Роден е во Шпанија и кариерата ја започна во Барселона,а последните четири години настапува во Англија. Настапуваше за младата репрезентација на Шпанија но поради голема конкуренција одлучи да игра за Мали од каде потекнуваат неговите родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот