Адам Лабунски ГОЛ на плажа: Позирал само со ИНСТРУМЕНТОТ во рака

Instagram

Адам Лабунски се прослави по своето учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и околу него во последната сезона се крена голема прашина.

Освен по талентот и по изгледот, Лабунски е запомнет и по скандалот што се случи и поради кој нашиот претставник беше отстранет од шоуто.

Иако кај него нема ништо ново на музички план, Адам своите обожавателките ги воодушевува со секси фотографии на кои го покажува своето тело.

Пред неколку дена на својот инстаграм-профил објави фотографија од Црна Гора, на која позира сосема гол, држејќи ја во раце само својата гитара.

Според кадарот на фотографијата и она што се гледа во позадината, може да се заклучи дека Адам бил единствениот нудист на црногорската плажа.

View this post on Instagram

#adabojana ???

A post shared by Adam Labunski II (@adamlabunski) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот