АД ЕСМ: Нема зголемување на цената на електричната енергија која ќе му ја продаваме на универзалниот снабдувач

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) е избрана за најдобар понудувач на електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Компанијата по истата цена како и досега ќе му нуди електрична енергија на универзалниот снабдувач кој е задолжен за надмирување на потребите на домаќинствата и останатите корисници кои останаа на регулираниот пазар на струја.

– По одржаната аукција избрана е понудата на АД ЕСМ за 1.408.525 мега-ват часови електрична енергија по цена од 34,5 евра за мега-ват час за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020 и 60 мега-вати базна моќност по цена од 34,5 евра за мегават час за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020, соопшти АД ЕСМ.

Од компанијата порачуваат дека ја задржале истата цена како и во изминатиот период.

– Понудената цена беше утврдена од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, за што беше известена Владата како сопственик, која го задолжи ЕСМ на аукцијата да ја понуди утврдената цена. Сакаме уште еднаш да нагласиме дека за нашата електрична енергија понудивме цена којашто ќе овозможи цената која граѓаните ја плаќаат на крајот да биде прифатлива и непроменета за нив, а без финансиски последици за АД ЕСМ, велат од ЕСМ и додаваат дека и годинава како и лани остваруваат значајна добивка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот