Ацевски: Ревизорите ќе бидат блокирани да ги следи политичките партии во изборни кампањи

Државниот завод за ревизија ќе биде блокиран да ги следи само политичките партии во изборни кампањи ако се прифатат измените на изборниот законик, алармира новиот директор на Државен завод за ревизија Максим Ацевски во интервју за Телма.

Посочува дека институцијата нема доволно кадровски капацитет за да го спроведе она што од неа се бара со новите надлежности кои треба да и се дадат.

Дополнително посоочува дека ќе се обиде да ја убеди и Европската комисија во некое идно време ДЗР да не ја прави контролата на политичките партии.

Ацевски, во делот на недостатокот на кадар вели дека пред изборите има време да се вработат 20 до 25 луѓе со кои ќе се засили капацитетот на институцијата, а понатаму уште дваесетина.

Во однос на тоа што ревизорските извешати остануваат само испшани на хартија и немаат правен епилог за она што таму е наведено како ненаменско и незаконско трошење, најавува дека ќе бара средби со јавниот обвинител и министерот за внатрешни, Љубомир Јовески и Оливер Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот