Аца Лукас со отворени навреди кон Лепа Брена: БРЕНА Е ЦИРКУЗАНТКА!

Facebook

Лепа Брена и Аца Лукас во саботата настапувале на Ушче во рамки на Music Week festival. Прва настапувала Брена, приредувајќи настап проследен со огномет, а Лукас по неа, пред досега најголем број забележени посетители.

Во текот на настапот на Брена, Лукас дал интервју за ТВ Пинк и рекол дека Брена е циркузантка која дошла како негова предгрупа за настапот.

„Јас вечерва имам концерт, момциве ќе свират, јас малку ќе свирам клавир и ќе пејам. Јас не работам во циркус. Никогаш во животот не сум имал ваква предгрупа за концерт, тоа се некои артисти, пиротехника и слично. Мислам дека со жреб извлекувале кој ќе пее, требаше јас прв да пејам. Со жреб е избрано да настапувам по циркуската трупа, ама не знам која е таа предводничка што ја нарекувате Лепа Брена“, рекол Лукас за емисијата „Ексклузивно ТВ Пинк“, а пренесува Република.рс.

По тоа Лукас им се обратил на новинарите во текот на траењето на настапот на Лепа Брена и рекол дека нема пејач на бината и дека тој не слуша никаква музика.

Тука не бил крај на прозивките на Лукас, па пред последната песна што ја отпеал, повторно ја прозвал Лепа Брена и нејзиниот бенд велејќи:

„Оваа предгрупа со циркузантка на сцената може да ме бакне во задникот.“, пренесуваат српските медиуми.

Денот по концертот Лукас бил револтиран со тоа што според неговите проценки медиумите повеќе пишувале за настапот на Брена отколку за неговиот, па ѝ посветил објава на друштвената мрежа Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B1k7grRn9d7/?utm_source=ig_embed

Дали Брена ќе се огласи по острите коментари на Лукас, останува да видиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот