Аца Лукас сам си го откажа концертот во Охрид: Се извинувам на целата јавност, особено на музичарите во Македонија! (ФОТО)
Денеска на социјалните мрежи беше објавено дека во Охрид ќе бидат одржани концерти на неколку српски музички ѕвезди, но ваквата информација наиде на остри критики од страна на јавноста.
Помеѓу овие пејачи, беше најавен и концерт на турбо-фолк ѕвездата Аца Лукас, но истиот тој преку својот профил на Инстаграм напиша соопштение и го откажа неговиот настап.
Неговото соопштение ви го пренесуваме во целост:
– Почитувана публико, мои драги фанови и сите луѓе од Македонија, мислам дека треба со сите вас, како и целокупната македонска јавност да се обратам преку Инстаграм и да појаснам некои работи поврзани со мојот „настап“, кој требаше да се одржи на 1-ви август оваа година.
Пред се поради тие кои не се во оваа работа и не знаат, сакам да појаснам следно: Моите концерти не ги закажувам јас, туку мојот менаџмент. Но, ниту мојот менаџмент не го избира местото за настап, туку некој таму што ќе не повика. За овој настап, лично јас сум информиран пред неколку дена и цело ова време инсистирам организаторите да ни дадат гаранции дека настапот ќе биде регулиран и одобрен од сите областени институции. Со оглед на тоа дека јас највеќе бев запрепастен кога разбрав дека ми е закажан настапот.
До денеска добивав само усмени гаранции од организаторите кои секако не се доволни. Немам причина да се правдам или да зборувам за тоа што ми била намерата да направам по повод овој закажан настап и на крајот не е ни важно.
Важно е ова што сега ќе го напишам: Се извинување до целокупната македонска јавност, особено на македонските музичари и сите уметници во Македонија, кои се принудени да седат дома и да не работаат и со морална обврска дека не сакам утре никој да каже дека се заразил на мој концерт и со извинување до сите оние кои се радуваа на овој концерт, јас ги известувам сите дека концертот на Александар Вуксановиќ – Аца Лукас, нема да се одржи на први август оваа година во Охрид.
Ги поздравувам сите луѓе со добра волја и сите мои фанови во Македонија, каде сите овие години секогаш со големо задоволство и посебна емоција натапувам, како и во сите градови каде имав феноменлани и незаборавни моменти, дружејќи се со сјајната македонска публика.