Аца Лукас поради бившата на Тошиќ ја оставил мисицата! Еве која е неговата нова девојка (ФОТО)

Instagram

Аца Лукас (50) раскинал со мисицата Јована Дорошки (25) и веднаш ја „смувал“ старлетата и манекенка Наташа Шавија, позната по тоа што излегла со Стивен Сегал, како и по врските со фудбалерите Тошиќ и Љаиќ, пишуваат српските медиуми.

Пејачот со Наташа се појавил на прославата по повод 25 години телевизија Пинк, а потоа заедно отишле во ноќен клуб.

„Цела вечер не се одвојуваа еден од друг, се смееја, си шепкаа, а Лукас ја држеше раката на нејзиното колено. Присутните се прашуваа дали се заедно, а тој повторуваше дека Шавија е негова „специјална другарка““, раскажал изворот.

Пејачот и старлетата се блиски веќе некое време, а Лукас неодамна го посетил бутикот кој старлетата го отворила во Нови Сад.

Дека Лукас и Дорошки раскинале доказ е и прославата што ја направил минатата недела по разводот со Соња Вуксановиќ.

„Одеднаш престана да се појавува со Јована на настани, а крајот на бракот го прослави со три другари во кафеана“, открил изворот.

На прашањето дали паднал на убавината на старлетата Наташа, Лукас останал таинствен.

„Што е тоа старлета? Колку што знам, девојката има бутик. Јас сум без обврски“, низ насмевка одговорил пејачот.

Instagram

View this post on Instagram

??‍♂️?

A post shared by Nataša Šavija|Fashion designer (@natasa.savija) on

View this post on Instagram

Follow: @natasasavijafashion

A post shared by Nataša Šavija|Fashion designer (@natasa.savija) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот