Аца Лукас и естрадата го бранат Вучиќ од Беливук

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Во Србија пред два дена беше покрената „петиција за одлучна одбрана на угледот на институцијата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ од медиумската војна која против него ја водат политички групи во земјата и опкружувањето и медиумите под нивна контрола“. Се верува дека петицијата е покрената поради изјавата на Вељко Беливук, притворениот шеф на криминална група кој на сослушувањето изјави дека имал однос со претседателот Вучиќ и други високи функционери од неговата Српска напредна странка

Иницијативата потекнува од речиси непознатата организација – Институтот за политичко вмрежување, а меѓу потпишаните на петицијата се неколку стотици лица, меѓу кои и пратеникот Лав Пајкиќ, поранешниот министер Зоран Ѓорѓевиќ, пејачот Аца Лукас, Ивица Дачиќ, Златибор Лончар, инфлуенсерката Ружа Рупиќ, пејачката Марина Висковиќ и други, пишува Нова.рс.

Еден од основачите на Институтот, Александар Ѓурѓев изјави дека за два дена петицијата била потпишана од повеќе од 400 луѓе, меѓу кои се повеќе познати личности.

Советникот на министерот за полиција, Светозар Вујачиќ, кој е меѓу потпишаните, за Н1 вели дека петицијата немала никаква врска со изјавата на Беливук и дека таа била планирана неколку дена претходно.

Меѓу потпишаните има повеќе естрадни уметници, меѓу кои се Аца Лукас, Леонтина Вукомановиќ, Марина Висковиќ, Ружица Рупиќ, Маја Николиќ и естрадниот менаџер Саша Мирковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот