Аца Лукас доживеал сообраќајна несреќа, со него била и ќерката Викторија

Српскиот пејач Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, денеска доживеал сообраќајна несреќа во близина на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.
Како што дознаа српските медиуми, пејачот не управувал со автомобилот „мерцедес“ во моментот кога се случила незгодата.
Неговиот претставник за односи со јавноста се огласи и ги сподели деталите за немилиот настан. Имено, пејачот се упатил од аеродромот кон својот дом, а друг возач го удрил. Со него била и неговата 12-годишна ќерка Викторија, која, за среќа, е во добра состојба.

Станува збор само за голема материјална штета.
„Фала Богу, сите се добри – Аца, детето и возачот на автомобилот. Друг возач налетал на нив и ги удрил. Аца се враќаше од Амстердам, од тамошен настап, а несреќата се случила на 200 метри од аеродромот. Никој не е повреден, но има голема материјална штета. Викторија била во автомобилот. Фала Богу, не му е ништо на детето. Тоа му е најважно на Аца, знаете колку е слаб на неа“, споделија од неговиот пи-ар тим.