Абу Даби: Хотел ставен во карантин поради коронавирус

Фото: EPA-EFE/STR

Поради инфекцијата, откажани се последните две етапи од велосипедската трка низ ОАЕ.

Гостите во два хотели во Абу Даби кои биле во контакт со двајца италијански професионални велосипедисти заразени со новиот коронавирус се задржани во изолација.

Информацијата ја пренесе државната новинска агенција и некои светски медиуми.

Поради инфекцијата, откажани се последните две етапи од велосипедската трка низ ОАЕ.

Иако во трката учествуваат и некои од најдобрите велосипедисти во светот, последните две етапи беа откажани бидејќи вчера беше дијагностициран новиот коронавирус кај двајца велосипедисти Италија.

Луѓето кои биле во контакт со двајцата италијански спортисти се изолирани во нивните домови, соопшти Секретаријатот за здравство на Абу Даби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот