Абрамовиќ ќе ме испратеше на Сибир доколку со Челси се радував на четвртото место

EPA/YURI KOCHETKOV

Поранешниот менаџер на Челси, Аврам Грант, смета дека Френк Лампард заврши одлична работа во првата сезона како тренер на „сините“.

Челси сезоната ја заврши на четвртото место што им обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона и тоа во првата година со Френк Лампард на клупата.

„Сините“ сè уште имаат шанса да ја завршат сезоната со трофеј бидејќи ги очекува финалето во ФА купот против Арсенал, додека треба да играат и со Баерн Минхен во реванш осминафиналниот натпревар од ЛШ но шансите им се минимални поради поразот на првиот натпревар од 0:3.

– Сезоната беше добра, посебно кога ќе се погледне како Челси изгледаше на почетокот. Кога станува збор за очекувањата на сопственикот Роман Абрамович, јас да му кажев дека четвртото место е добро за екипата – тој ќе ме пратеше на Сибир. Но, за Френк ова е големо постигнување. За прв пат тренира тим од Премиер лигата… Нормално дека играше тука во Челси, но овие работи не можете да ги споредите. Направи добра работа и создаде база за иднината – изјави Грант.

Аврам Грант го предводеше Челси во сезоната 2007/08 и тогаш заврши како втор во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот