Абрамович за првпат по 10 години не закупи ложа на својот стадион

Роман Абрамович се моментно се наоѓа во процес на продажба на англискиот Челси/ фото: EPA/KERIM OKTEN

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, во најскоро време планира да го продаде клубот, а со последниот потег само ги зголеми шпекулациите дека тоа може да се случи уште летово. Абрамович за првпат по скоро 10 години, не закупи ВИП ложа на „Стемфорд бриџ”.

Русинот од 2011 година постојано плаќаше помеѓу еден и три милиони фунти за корпоративните ложи на „Стемфорд бриџ”, но во 2019 година за првпат се одлучи да не плаќа.

Оваа одлука на сопственикот на Челси, според британските медиуми, е знак дека тој ќе го продаде клубот.
За потсетување, минатата година беше објавено дека поради притисокот од британските власти, Абрамович сака да го продаде клубот за три милијарди фунти. Тој во 2003 година го купи Челси за 140 милиони фунти и вложи нешто повеќе од една милијарда фунти за засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот