Абрамович сака да го врати Азар во Челси

Еден Азар не се покажа како прав потег за „кралскиот“ клуб/ фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович сака во зимскиот преоден рок дополнително да ја засили екипата и како прва опција се споменува фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој претходно го носеше дресот на „сините“.

Актуелниот европски шампион е подготвен во зимскиот преоден рок да понуди 50 милиони евра за Азар, додека првиот човек на Реал Мадрид бара 10 милиони евра повеќе.

Еден Азар во Реал Мадрид дојде во 2019 година во трансфер вреден 105 милиони евра откако претходно седум години настапуваше токму за Челси.

Азар не ги оправда вложените средства во него бидејќи најголем дел од времето беше повреден и за две години одигра само 37 наптревари за Реал Мадрид на кои постигна само четири гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот