Абрамович не го продава Челси

Роман Абрамович се моментно се наоѓа во процес на продажба на англискиот Челси/ фото: EPA/KERIM OKTEN

Роман Абрамович се откажа од намерата да ја продаде својата најскапа „играчка“, екипата на Челси, пренесува англиската телевизија Скај спортс. Иако медиумите вчера објавија дека Абрамович е подготвен за нова рунда преговори со најбогатиот Британец, Џими Ретклиф, за продажба на Челси, денеска Русинот се премисли и ги откажа преговорите.
Ретклиф беше подготвен да плати дури 2.5 милијарди евра за тимот од Лондон.

Роман Абрамович го купи Челси за 160 милиони евра во 2003 година и оттогаш со постојаното вложување го направи тимот од Лондон, еден од најгомите во клубови во Европа.
Тој вложи повеќе од една милијарда фунти за засилувања, а ефектот е пет титулуи во Премиер лигата, пет трофеи од ФА купот, три трофеи од Лига купот и една титула освоена во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот